Во Србија се одржува генерален штрајк / Photo: AA

Во Србија денеска се одржува генерален штрајк како форма на граѓанска непослушност, што го повикаа студентите и средношколците кои протестираат од крајот на ноември поради смртта на 15 лица во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад,

На повикот да престанат со еднодневниот генерален штрајк се одзваа многу општествени групи и професии, со денови штрајкуваат просветните работници и адвокатите, а се очекува да пристигнат и луѓе од јавниот сектор. На штрајкот се приклучија и бројни медиумски куќи во Србија.

Полицијата спорведува засилени мерки на безбедност и распоредена е и на влезовите во зградата на Радио-телевизија на Србија (РТС).

Демонстрантите го блокираа кружниот тек пред општината Нов Блеград.

Масовни собири за поддршка на студентите беа организирани во повеќето градови низ Србија, вклучително и Нови Сад, каде главниот митинг се одржа во близина на пазарот Футошка, а крстосницата кај шеталиштето беше блокирана.

Пратениците и советниците од Нови Сад денеска го блокираа автопатот Нови Сад - Белград.

И денеска од 11:52 до 12:07 часот демонстрантите ширум Србија застанаа и им оддадоа почит на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад. Во тој период и бројни медиуми престанаа да емитуваат содржини.

Студентите ја отворија веб-страницата „podržavamstudente.org“ каде што ги објавуваат најновите информации за нивните акции и настани во Србија.

За денес е закажан и протест пред зградата на Претседателството на Србија.

Организаторот на овој собир е Протестниот одбор на адвокатите, кој соопшти дека „тоа е реакција на навредите на претседателот на Србија Александар Вучиќ“ кој претставниците на адвокатите ги нарече „руља“, поради одлуката на седумдневно запирање на работата да им се придружат на барањата на студентите.

AA
Популарни