Вучевиќ: Српската војска ќе биде целосно распоредена на границата со Косово

Вучевиќ: Српската војска ќе биде целосно распоредена на границата со Косово

МИнистерот за одбрана на Србија очекува новонастанатите проблеми да бидат решени политички, а не со војна
Српскиот министер за одбрана посочува дека највисоките претставници на војската на Србија се во постијана комуникација со силите на КФОР / Photo: АА

Војската на Србија ќе остане на највисоко ниво на борбена готовност до петок, а формациите на војската до денеска до 14 часот ќе бидат целосно распоредени покрај границата со Косово. Ова денеска го изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ. Тој истакна дека суштината е српската војска да остане на највисоко ниво на борбена готовност, но дека очекува ситуацијата да биде решена поллитички, а не со војна.

Вучевиќ додаде дека началникот на Генералштабот на Вооружените сили, генерал Милан Мојсиловиќ, е во постојани разговори со КФОР, чија задача е, како што рече Вучевиќ, да обезбеди мир и безбедност за српскиот народ на Косово.

Пред Општината Звечан на Косово, која ја чуваат кордон војници на КФОР, мирно протестираат српските граѓани на таа општина. Со граѓаните се и претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, потпретседателот Игор Симиќ и други политички претставници на Србите на Косово. Меѓу граѓаните се забележуваат и лица со маски на лицата.

Припадниците на Полицијата на Косово и ЕУЛЕКС се стационирани на почетокот на улицата каде што се наоѓа објектот во кој е сместена општината.

Рано утринава се случија немири, кога граѓаните со фрлање солзавец се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон. Косовската полиција потоа употреби спреј за да ги спречи демонстрантите да влезат во општинскиот објект.

Граѓаните протестираат и пред општинските згради во Зубин Поток и Лепосавиќ.

Новите градоначалници на општините на северот на Косово, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, во петокот влегоа во општинските згради со помош на специјалци од косовската полиција.

Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер, закажа средба со новите градоначалници на општините од северот во Приштина.

Вонредните локални избори се одржаа на 23 април, но излезноста беше помала од четири отсто поради бојкотот на српската заедница.

TRT Balkan / агенции
Популарни