Српскиот претседател Александар Вучиќ денес го прими американскиот сенатор Стив Дејнс и нагласи дека за Србија односите и соработката со Соединетите Американски Држави (САД) се од најголема важност.
Вучиќ на сенаторот на Одборот за енергетика и природни ресурси, Дејнс, му ги претстави актуелните случувања во регионот, истакнувајќи дека Србија на Западен Балкан промовира позитивна агенда за соработка, како предуслов за мир и стабилност.
Српскиот претседател рече дека САД со своите инвестиции придонесуваат за напредокот на економијата на Србија и изрази надеж за доаѓање на нови американски инвеститори.
Двајцата соговорници разговараа за различни актуелни глобални прашања, вклучително и енергетската безбедност.
AA