Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека една од темите на вечерашниот разговор во Париз ќе биде дијалогот меѓу Белград и Приштина, но оти не верува оти ќе има некаков напредок се додека Албин Курти е на чело на привремените институции во Приштина.
„И нема голема филозофија, мислам дека сега им е јасно на сите на Запад, дека Курти воопшто не сака да формира Заедница на српски општини, дека не сака никаков напредок во дијалогот, и дека се друго се балкански трикови кои можат да функционираат еднаш или двапати, но секако не долгорочно“, рече Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање дали во Париз ќе се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Тој додаде дека за Белград е важно да го зачува мирот и животите на Србите на Косово и Метохија.
„Не верувам дека ќе има некој сериозен напредок, особено не додека не се формира ЗСО додека Курта е на власт во Приштина. Да ги поставиме работите сосема јасно и чисто како што се“, рече претседателот.
Претседателот на Србија изјави дека денеска во два наврати накратко разговарал со претседателот на Франција, Емануел Макрон и дека вечерва ќе има и приватен разговор со него.