Се разговараше и за енергетскиот сектор, потенцијалот што го имаат двете земји / Photo: AA

На маргините на 20. Виенски економски форум, косовскиот премиер Албин Курти се сретна со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски.

На оваа средба беше дадено особено значење на добрите меѓудржавни односи на Република Косово и Република Северна Македонија, а се разговараше и за посветеноста на двете земји кон заедничката цел за интеграција во Европската Унија, како и за предизвиците на овој пат, соопшти Владата на Косово.

Курти ја истакна важноста од продлабочување на билатералната и регионалната соработка во области од заемен интерес, со цел натамошно подобрување на добрососедството и во служба на граѓаните на двете земји.

Во овој контекст се разговараше и за енергетскиот сектор, потенцијалот што го имаат двете земји и нивните стратегии во овој сектор.

Тие разговараа и за последните случувања во рамките на процесот на дијалог Косово-Србија, со посредство на Европската Унија и средбата со европските лидери во октомври.

Премиерот Курти го информирал својот колега за ставот на Владата на Република Косово дека потпишувањето на договорот ќе значи прифаќање, а со тоа и гаранција за целосна имплементација на Основниот договор и Анексот за имплементација.

AA
Популарни