Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на собирот „Србија на надежта“ во Белград изјави дека по митингот, поради ситуацијата на Косово, ќе се одржи седница на Советот за национална безбедност и најави дека претстојат тешки времиња во однос на прашањето во врска со Косово.
„Ќе се бориме за мир, ќе ја чувам секоја секунда мир, но по првата минута од нападот на Србите на Косово, Србија нема да седи со скрстени раце. Сакате да ги протерувате Србите, нема да ги протерате“, порача Вучиќ.
На митингот се собраа повеќе десетици илјади луѓе, кои го наполнија плоштадот Никола Пашиќ, дел од Булеварот Крал Александар и дел од улицата околу Пионирскиот парк.
Вучиќ рече дека, властите во Приштина како „намерно да чекале значаен број мажи од Косово да дојдат во Белград за да ги нападнат општинскит згради во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан“.
Тој исто така рече дека земјите од Квитата „денешното однесување на косовската полиција и фрлањето солзавец врз насобраните пред општините кои протестираа против новоизбраните градоначалници, го осудија дури сега, откако Албанците успеале тоа да го завршат “.
„Многу од тоа е лошо, бидејќи знам со кого имаме работа. Единството, заедништвото и обединувањето ни се потребни сега повеќе од било кога“, рече Вучиќ. Тој најави и дека од утре нема повеќе да биде претседател на најголемата партија во Србија - владејачката Српска напредна партија (СНС), туку дка ќе биде претседател, како што рече, на сите граѓани на Србија, како и дека на 28 јуни ќе биде основано Движењето за народот и државата, кое ќе биде надпартиско.
Вучиќ рече дека граѓаните кои неколку недели демонстрираат на протестите „Србија против насилството“ се граѓани кои го сакаат доброто на Србија, но дека тоа го искористиле опозицискит политичари кои заслужуваат презир.
Веднаш потоа, Вучиќ ги повика претставниците на опозицијата од утре на дијалог за тоа кои мерки ќе бидат потребни да се спроведат поради трагичните масовни убиства на почетокот на месецот.
Иако беше последен говорник на собирот, Вучиќ пред својот говор ги повика учесницит на митингот да одржат едноминутен молк за жртвите на масовните убиства во Основното училиште „Владислав Рибникар“ и во околината на Младеновац.
На собирот се обрати и претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска (РС) Милорад Додик кој рече дека дошол во името на РС да поддржи „силна Србија која ја води Александар Вучиќ, Србија која на демократски избори кажала што сака“.
Додик на крајот порача: „Нека живе Србија! Нека живее Република Српска! Нека живее Русија.“
Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто присуствуваше на собирот во Белград и имаше свое обраќање. Тој во говорот истакна дека „Србија има одличен претседател Александар Вучиќ, кој постигнал помеѓу унгарскиот и српскиот народ наместо историско непријателство да владее историско пријателство.“
Присутните на собирот стоеја со отворени чадори поради невремето во Белград, проследено со грмежи.
На собирот доминираа знамиња на Србија, Русија, Република Српска, како и бројни партиски знамиња на СНС и Социјалиситчката партија на Србија (СПС) и транспаренти кои порачуваат од кои градови дошле луѓето кои го поддржуваат Вучиќ.
Голем број автобуси со кои дојдоа луѓето од цела Србија, од Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора, беа паркирани во Нов Белград.