Вучиќ побарал од унгарскиот премиер Орбан да ја разгледа можноста Србија да купи пет или 10 отсто од сопственоста во унгарската нуклеарна централа Пакс / Photo: Aleksandar Vucic Facebook

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека најдоцна до март 2026 година ќе може да се вози со брз воз од Белград до Будимпешта.

Вучиќ и српската делегација, која ја сочинуваат министри од Владата,престојуваат во Будимпешта, каде што учествуваат на седницата на Советот за стратешка соработка меѓу Србија и Унгарија.

„Би било многу порано, но поради овие три километри низ центарот на Будимпешта, ќе биде потребно малку повеќе време, но затоа март 2026 година е најкасно коге ќе биде воспоставена брза железница меѓу Белград и Будимпешта. Два часа и четириесет минути, четириесет и пет минути, Белград - Будимпешта, а потоа пресметајте колку е Суботица - Будимпешта и Нови Сад - Будимпешта“, изјави Вучиќ за новинарите во Будимпешта по разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Нашите врски стануваат подлабоки, политички, економски и меѓучовечки. Ги продлабочуваме врските со договори, денеска беа потпишани седум нови договори. Ги решаваме проблемите заедно“, рече Вуќиќ.

Тој рече дека разговарал и за изградба на нафтовод во Унгарија.

„Единствениот проект е завршен, сега физибилити студијата се завршува до 10 декември. Ги одвоивме парите. Нашиот удел ќе биде некаде околу 150 милиони“, рече Вучиќ и додаде дека оваа диверзификација е многу корисна.

Како што рече, се работи и на сите други проекти поврзани со натамошното издавање под закуп на складишта за гас, додавајќи дека и со зголемувањето тоа нема да биде доволно.

„Ќе изнајмиме простор за нашиот гас во Унгарија на неколку години бидејќи очекуваме, како што реков, големи проблеми со снабдувањето со електрична енергија низ цела Европа и затоа сакаме да изградиме што е можно повеќе станици за гас. Затоа разговаравме и со претседателот на Азербејџан, Алијев. Можно е и Унгарците да влезат заедно со нас за да можеме заеднички да финансираме, но и заедно да користиме струја“, рече Вучиќ.

Како што рече, побарал од унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја разгледа можноста Србија да купи пет или 10 отсто од сопственоста во унгарската нуклеарна централа Пакс.

Вучиќ рече дека тоа би било вонредно решение за Србија и дека се подготвени да ја платат таа цена, но дека унгарската страна се уште не може да одговори на тоа барање.

„Рекоа дека ќе го земат предвид и ќе го разгледаат нашето барање“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека разговарале и за други прашања поврзани со енергетиката, како што е Панонскиот коридор.

„Тоа се далноводи кои треба да ги поврзат Србија и Унгарија. Тоа се далноводи Белград-Сремска Митровица, Сремска Митровица-Нови Сад, Нови Сад-Суботица, Суботица- Унгарија. Тогаш ќе бидеме поврзани со Унгарија во се за да можеме да пренесуваме енергија. Наскоро ќе бидеме дел од единствената берза за струја на Словенија, Србија и Унгарија“, најави Вучиќ.

Тој додаде дека разговарале и за воено-техничка соработка.

„Блискоста на нашите армии мора да биде значајна и крајно изразена, сите сме едноставно многу загрижени за ситуацијата во Европа и светот и затоа мораме да работиме на таа блискост и во однос на длабочината не само што раководството ја чувствува таа блискост, туку и нашите војници и нашите генерали и сите останати“, рече Вучиќ.


TRT Balkan / агенции
Популарни