Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи за ситуацијата на Косово и неодамнешниот договор меѓу Белград и Приштина, изјави дека не гледа решение, бидејќи Приштина сигурно ќе ја започне кампањата на 1 септември да ги принуди Србите од Косово да ги променат регистарските таблички.     Фото: АА

Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи за ситуацијата на Косово и неодамнешниот договор меѓу Белград и Приштина, изјави дека не гледа решение, бидејќи Приштина сигурно ќе ја започне кампањата на 1 септември да ги принуди Србите од Косово да ги променат регистарските таблички.

„Албин Курти (премиерот на Косово, заб. ав.) на разговорите рече дека се надева дека ќе има голем успех кога станува збор за промена на табличките. Тоа е процес што ќе трае. Соочени сме со тој модел и ние ќе се бориме“, рече Вучиќ на прес-конференцијата по средбата со министерот за надворешни работи на Куба, Бруно Едуардо Родригез Париља.

Тој изјави дека не гледа можност за напредок бидејќи Приштина не сака да разговара за рационални и компромисни решенија.

Зборувајќи за неговата претходна најава дека Парадата на гордоста во Белград како дел од манифестацијата Европрајд нема да се одржи, Вучиќ рече дека ќе се почитува одлуката на Владата на Србија да не се одржи Парадата на гордоста и посочи дека доколку се забрани некој собир, тогаш тој собир ќе биде забранет.

Нагласи дека таа манифестација нема да се одржи и дека нема да има промена на одлуката.

Вучиќ им порача на организаторите на Европрајд, кои најавија дека ќе се соберат во договореното време и покрај одлуката на државата да го одложи настанот, дека ставот на државата е дека не постојат безбедносни услови.

Вучиќ оцени дека одржувањето на Парадата на гордоста е проблем со кој ќе се соочува српското општество во иднина, бидејќи секоја политичка опција има ексклузивен став по тоа прашање.

Тој како „тажно“ го оцени тоа што на некој што го поддржува одржувањето на Парадата на гордоста, таа манифестација му е еднакво важна како Косово.

„Нормалните луѓе се надеваат дека самата држава ќе се избори со нив. Некои се шетаат, се спротивставуваат на другите. А ако ги прашате сите заедно што е рационално, никој не знае да ви каже. Имаме безброј проблеми, го имаме Косово. И тогаш некој ми вели дека е исто. Тажна вистина е ако е така“, рече Вучиќ.

Пред прес-конференцијата, Вучиќ му го врачи на министерот за надворешни работи на Куба, Париља, Орденот на српското знаме од прв степен, за особени заслуги во развојот и зајакнувањето на соработката и пријателските односи меѓу Србија и Куба.

AA
Популарни