„Апсолутна победа за која сум исклучително среќен. На народот му ветивме дека Србија ќе биде поинаква земја, дека нема да ја признаат за три години“, истакна Вучиќ.  / Photo: AA

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, чие име исто така води на листата „Србија не смее да запре“, вечерва изјави дека оваа листа на републичко ниво, без гласови од Косово, освоила 46,5 отсто од гласовите, врз основа на 76 отсто од преброени гласови и повеќе од 127 мандати во парламентот.

„Апсолутна победа за која сум исклучително среќен. На народот му ветивме дека Србија ќе биде поинаква земја, дека нема да ја признаат за три години. Ни преостанува уште многу да направиме. Ни остануваат уште многу важни работи. Но, за да добиете толку гласови, за ова да биде втор најдобар резултат во историјата по 11 години владеење, морам да кажам дека сум бескрајно среќен“, изјави Вучиќ по денешните вонредни избори.

Тој истакна дека по ваквата убедлива победа ќе мора себеси да се менуваат.

„Ќе мора повеќе да се грижиме за обичните луѓе. Ќе мора да работиме на многу други работи, ќе биде тежок период пред нас. Но и тука ќе мораме да разговараме, да го продолжиме својот европски пат и ќе има тешки преговори и не лесни отстапки и со Приштина, но секогаш ќе го чуваме Косово како дел од територијата на Србија“, нагласи Вучиќ.

Тој говореше и за прелимирарните податоци, наведувајќи дека и во Белград без сомнение највеќе гласови освоила листата „Србија не смее да запре“.

„Постојат избори за кои вечерва никој не зборуваше, а тие се многу важни, зборуваме за изборите за Покраинското собрание на Војводина. Знаете дека има 120 пратеници, од кои убедливо, апсолутно мнозинство е на страната на Листата „Србија не смее да запре“. Од 120 пратеници, Листата „Србија не смее да запре“ ќе има меѓу 67 и 69“, рече Вучиќ. Тој наведе дека второпласирана е листата „Србија против насилство“ со 28 до 29, а третопласирана ќе биде Листата „Сојуз на Унгарците од Војводина“ со најверојатно девет мандати. Потоа, тука е Социјалистичката пртија на Србија со седум мандати, коалицијата „Надеж“ со шест и руска партија со еден мандат.

„Што се однесува до Србија, на примерок од 76 отсто, „Србија не смее да запре“ е на 46,5 отсто, „Србија против насилството“ 23,5 отсто, но без пребројување на гласовите од Косово. Листата „Србија не смее да запре“ ќе има повеќе од 127 мандати. Листата „Србија не смее да запре“ ќе има апсолутно мнозинство“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека досега не пронашле ниедно гласачно место во Србија на кое Листата „Србија не смее да запре“ добила помалку гласови од претходните избори.

„Што се однесува до Белград, листата „Србија не смее да запре“ е прва, победничка листа во Белград со 38,5 отсто гласови, второпласирана е со 35 отсто Листата „Србија против насилство“, третопласирана со шест отсто е „Надеж“ и со 5,4 отсто Социјалистичката партија на Србија и 5,1 отсто Несторовиќ. Затоа велам дека нема да се знае кој ќе ја формира владата во Белград иако сум сигурен дека градоначалник ќе биде Александар Шапиќ“, нагласи Вучиќ.

Тој се осврна и на изборната кампања, наведувајќи дека „на лагите им немало крај.“ Вонредни избори

Во Србија денеска се одржаа вонредни парламентарни избори, вонредни избори за Собранието на автономната покраина Војводина и вонредни локални избори за главниот град Белград и 65 други локални самоуправи.

Право на глас на парламентарните избори имаа 6.500.165 граѓани, на покраинските избори во Војводина 1.669.734, а на белградските 1.613.190.

TRT Balkan / агенции
Популарни