Вучиќ: Се надевам деќа ќе имаме добри вести     Фото: АА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по состанокот во Генералштабот на Војската на Србија изрази надеж дека ситуацијата во Косово ќе биде деескалирана.

Вучиќ заедно со началникот на Генералштабот на Војската на Србија Милан Мојсиловиќ разговараше со командантот на КФОР.

„Се надеваме дека ќе има добри вести и дека состојбата ќе деескалира и деќа ќе можеме да дојдеме во нареден период до решение“, рече Вучиќ во изјава која ја пренесе Радио-телевизија на Србија (РТС).

Претседателот на Србија рече и дека командантот на КФОР ќе разговара и со претставниците на косовските Срби во Косовска Митровица.

„Ни претстои најтешката политичка борба во наредните недели и месеци и им се заблагодарувам на сите на воздржаноста, пред се на Србите во Косово кои го чуваат нашето име и презиме. Сакам уште еднаш да порачам дека нема предавање и дека Србија ќе победи“, порача Вучиќ.

AA
Популарни