Вучиќ на денешната средба инсистирал на формирање Заедница на српски општини / Photo: TANJUG

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Претседателот Вучиќ посочи дека Србија е секогаш подготвена за дијалог, за почитување на се што е потпишано и договорено и повтори дека земјата се залага за деескалација, мир и стабилност, кои се неопходни за да се обезбеди опстанок на Србите на Косово и Метохија , соопшти Службата за соработка со за медиумите на претседателот на Србија.

Претседателот Вучиќ уште еднаш детално го информирал специјалниот претставник на ЕУ за тежината на ситуацијата со која се соочуваат Србите, како северно така и јужно од Ибар, изразувајќи надеж дека ќе се постигнат резултати во понатамошниот процес на дијалог.

Вучиќ на денешната средба инсистирал на формирање Заедница на српски општини, а се разговарало и за други важни теми во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Лајчак претходно се сретна и со директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

Лајчак пред неколку дена беше и во Приштина каде, како што најави, предложи јасна агенда за претстојната средба на главните преговарачи во Брисел, што е во согласност со очекувањата на европските лидери.

Tanjug
Популарни