Тој нагласи дека „сите лица мора да бидат одговорни за секој инцидент“ / Photo: Reuters

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика сите да бидат внимателни во изборот на зборовите што ќе ги изговорат во наредниот период, за да влијаат на намалување на тензиите, наведувајќи дека истото ќе го направи и самиот.

Тој, исто така, побара од сите други политички чинители да размислат, бидејќи стабилноста, мирот и животот на луѓето немаат алтернатива, додавајќи дека тие мора да ја заштитат Србија од каква било дестабилизација и да носат демократски одлуки.

Тој во видео-обраќање на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ зборуваше за случај кога девојка во Белград била повредена кога во неа удрил автомобил додека им оддавалe почит на загинатите при уривање на настрешница во Нови Сад. Тој рече и дека една постара жена е повредена во Нови Сад „само затоа што сакала да си оди дома и затоа што мислела поинаку од демонстрантите“.

Тој нагласи дека „сите лица мора да бидат одговорни за секој инцидент“.

„Ги замолувам сите други и оние кои организираат нелегални собири барем неформално да не информираат каде ќе ги организираат, за да им обезбедиме полициска заштита - и од автомобили и автобуси, како и од сите други учесници во сообраќајот“, рече Вучиќ.

Тој потсети дека поминаа два и пол месеци од страшната трагедија во Нови Сад, наведувајќи дека државата си ја завршила работата, дека обвинителството поднело обвинение и дека сега судовите треба да ја донесат својата одлука.

Mинистерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, пак, изјави дека е уапсен возачот на автомобилот кој ја прегази девојката, додавајќи дека тој и претходно бил регистриран како сторител на различни кривични дела и седум пати бил осудуван.

Трагедијата во Нови Сад на 1-ви ноември предизвика граѓански протести, како и кампања „Стоп, Србија“.

Студентите бараат објавување на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад и отфрлање на обвиненијата против студентите, активистите и граѓаните уапсени и приведени за време на протестите.

Тие бараат поднесување кривична пријава против напаѓачите на студенти, професори, граѓани на претходните собири и протести.


TRT Balkan / агенции
Популарни