Поради актуелната ситуација во земјата, во врска со прашањето на Косово, претседателот на Србија Александар Вучиќ, ги откажа сите посети во странство, а утре на вонредна седница на Влаадата, на премиерката и на министрите ќе им поднесе извештај за разговорите со претставниците на Србите од Косово.
Утре Србите од Косово ќе одлучуваат за предлогот на претседателот на Српска листа Горан Ракиќ - да се повлечат од сите институции во Косово поради последните потези на Владата на Косово предводена од премиерот Албин Курти.
Со одлуката на Владата на Косово, нема да се смени рокот за пререгистрација на таблици, кој истече на 31 октомври, односно да воведе преоден период, во текот на кој на возачите без РКС таблици во Косово до 21 ноември ќе бидат изрекувани опомени, потоа од 21 април наредната година парични казни, до полна примена на пререгистрација.
Во врска со последните случувања во односите Белград-Приштина, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, дека „Европската комисија поддржува германско-францускиот предлог за решавање на косовското прашање и дека ќе го интегрираат во дијалогот.“
Станува збор за предлогот за кој претседателот Вучиќ претходно рече дека „за Србија е тежок“, бидејќи предвидува Косово да стане членка на Обединетите нации, без формално признавање од Белград.
Претседателот Вучиќ вчера најави дека во наредните денови ќе им се обрати на граѓаните, за да ги извести за, како што рече „притисоците врз Србија“, но и за одлуките на државата и за тоа што ќе прават кога станува збор и за другите важни прашања.
„Ќе ги кажам деталите од претходните разговори и од другите разговори и сакам да ги запознам со сите притисоци и лицемерство, како и дека ништо од нив не кријам. И на крајот да кажам што се нашите одлуки, но и да им кажеме на луѓето што е тоа што ќе го работиме и според сите други важни прашања - во однос на прашањето и енергентите и храната и сето останато“, наведе Вучиќ.
Пред разговорите со премиерката Брнабиќ и министрите, Вучиќ вечерва во Белград ќе разговара со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина и другите регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Вучиќ утре, ќе има состаноци и со амбасадорката на Кина Чен По, а потоа и со амбасадорот на Русија Александар Боцан-Харченко.
Најавено е дека во сабота, претседателот Вучиќ ќе се состане и со Синодот на Српската православна црква и патријархот и Синодот ќе ги запознае со најновата ситуација во Косово.