Вишиот суд во Белград ги осуди Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на Коста, кој на 3 мај 2023 година уби девет ученици и работник од обезбедувањето на ОУ„ Владислав Рибникар“ во Белград и повреди уште пет ученици и учителка.
Судот го осудил Владимир Кецмановиќ на затворска казна од 12 години за кривично дело тешко кривично дело против општата безбедност, како и затвор од 3 години за кривичното дело запуштање и злоупотреба на малолетно лице, или единствена затворска казна од 14 и пол години.
Судот на неговата затворска казна го додаде и времето поминато во притвор, кој му е продолжен сѐ додека не биде испратен на издржување на казната.
Неговата сопруга Миљана Кецмановиќ е осудена на три години затвор за занемарување и злоупотреба на дете.
Како што дознава „Блиц“, Миљана Кецмановиќ е ослободена од обвинението за поседување оружје.
Судијата образложил дека не ја осудил за ова дело бидејќи обвинителството не обезбедило докази, само изолирала ДНК на една чаура, а вештаците не ја отфрлиле можноста до тоа да дошло иниректно.
Не и е одредено притвор, но продолжена и е забраната за приближување и комуникација со синот Коста, кој е во психијатриска установа по масакрот од 3 мај минатата година.
Инструкторот по стрелање од стрелиштето каде Коста учел да пука, Немања Маринковиќ е осуден на една година и три месеци затвор за кривично дело давање лажен исказ.
Ова е првостепена пресуда против која и одбраната и обвинителството имаат право на жалба до Апелациониот суд во Белград.
Овој судски процес беше затворен за јавноста од самиот почеток, но изрекувањето на пресудите беше отворено за јавноста, а образложението на пресудата беше затворено за јавноста.
Коста Кецмановиќ, кој во моментот на ова дело сè уште немал 14 години, а со тоа и не е кривично одговорно, на 3 мај во училиште пукал со два пиштоли на неговиот татко, кои ги зел на 1 мај минатата година.
Кобниот ден ги ставил во ранец, отишол на училиште и на првиот час уби 10 луѓе, а повредил уште пет деца и наставник по историја.