Материјал извлечен од морско дно може да биде од вонземско вселенско летало, изјави за агенцијата Анадолу (АА) астрофизичарот од Харвард, Абрахам „Ави“ Леб покажувајќи цевка со траги од пронајдениот материјал во интервју во неговата куќа на 8 август 2023 година.
Леб, професор по наука и директор на Институтот на Универзитетот Харвард, неодамна заврши експедиција вредна 1,5 милиони долари за откривање на индикации за мистериозниот метеор наречен ИM1.
Овој метеор, за кој се смета дека потекнува од длабоката вселена, се урнал во близина на брегот на Папуа Нова Гвинеја во 2014 година.
За да го утврдат неговото потекло, Леб со својот тим отишле во Тихиот Океан и собрале стопени капки од површината на објектот кои се формирале кога бил изложен на екстремната топлина при влегувањето во атмосферата на Земјата.
Тимот пронашол сферични џамлии, со големина од по милиметар, вградени во вулканска пепел, која Леб и неговиот тим ја ставале во шишиња и ја донеле на испитување.
Тимот сега проверува дали „составот на џамлиите во однос на елементите и радиоактивните изотопи го прави материјалот од кој се направени многу различен од материјалите од Сончевиот систем, како во смисла на застапеноста на неговите елементи, така и во однос на неговата старост“, за да утврди дали материјалите се знаци на вонземна технологија.
За да се утврди ова, тимот користи спектрометри за маса, електронски микроскопи и флуоресцентни анализи со рентгенски зраци.
Ако метеоритот навистина има меѓуѕвездено потекло, што значи дека не бил направен од материјалите во нашиот Сончев систем, тимот може да заклучи дека материјалот „можел да биде збогатен од друга ѕвезда што експлодирала, друга супер-нова “, вели Леб.
„Освен тоа, може да има и технолошко потекло. Но дури и самото природно потекло би било историско, бидејќи ова е прв пат да најдеме физичко потекло поголемо од половина метар што доаѓа од далеку“, рече тој.
Ако е технолошко потеклото, импликациите би биле дека „не сме сами“
Ако тимот утврди дека потеклото на материјалот по природа е технолошки, тоа би значело дека не сме сами во универзумот, исто како „да излеземе во нашиот двор и да најдеме тениско топче што го фрлил соседот“, вели Леб.
Наодите, исто така, би го инспирирале човештвото, бидејќи би можеле да ги реконструираат човечките сфаќања за нашето место во универзумот и да понудат поглед во нашата технолошка иднина, рече Леб.
Нашите соседи би можеле да бидат понапредни од нашата технологија стара еден век и можеби имале милиони или милијарди години да ја развијат својата, нудејќи можност да учиме од нив, се надева Леб.
Американската влада сега зборува за потенцијални објекти кои не ја претставуваат нашата технологија
Откритијата на Леб се совпаѓаат со забелешките на поранешен разузнавач на воздухопловните сили на САД кон крајот на јули, кој рече дека „апсолутно“ верува дека американската влада поседува УАП, односно необјаснети аномални појави.
Забелешките на Дејвид Груш дојдоа за време на сослушувањето за импликациите на НЛО врз националната безбедност на САД што го одржа Поткомитетот на Претставничкиот дом за надзор и одговорност за национална безбедност, граница и надворешни работи.
Груш рече дека „апсолутно“, верува во тоа, „врз основа на интервјуата со преку 40 сведоци во текот на четири години“, одговарајќи на прашањето на пратеникот Роберт Гарсија, претставник на демократите во комисијата.