Студија: Потиснувањето на лошите мисли добро за менталното здравје

Студија: Потиснувањето на лошите мисли добро за менталното здравје

Со тимот истражувалчи од универзитетот Кембриџ работеа 120 волонтери од 16 земји.
Се проблематизира тезата дека е подобро да се соочиме со негативните искуства отколку да ги оставиме настрана / Photo: AA

Луѓето кои имаат негативни мисли и искуства понекогаш е подобро да ги потиснат отколку да се отворат, покажува истражувањето на научниците од Универзитетот Кембриџ. Тимот научници тврди дека нивното истражување може да го побие вообичаеното верување дека ставањето на на работите под тепих и продолжувањето понатаму е лошо за нашето ментално здравје.

Научниците работеа со 120 волонтери од 16 земји на инхибиторна контрола, спречување на мислите што предизвикуваат анксиозност, пред да ги објават резултатите во списанието Science Advances.

На сите ни е позната идејата на Фројд

Три месеци подоцна, учесниците во истражувањето објавија дека потиснатите настани не биле толку страшни.

„На сите ни е позната идејата на Фројд дека ако ги потиснеме нашите чувства или мисли, тие мисли остануваат во нашата потсвест, што негативно влијае на нашето однесување и благосостојба“, вели Мајкл Андерсон, професор на Кембриџ.

Многу од познатите идеи на Зигмунд Фројд за психоанализата беа доведени во прашање или отфрлени во последните децении. Но, за разлика од некои од овие отфрлени концепти, како што е начинот на кој сексуалната репресија и таканаречениот Едипов комплекс влијаат на нашите секојдневни постапки, идејата дека е подобро да се соочиме со проблематични искуства отколку да ги закопаме стана широко прифатена. Но, дури и тоа мислење може да биде отфрлено.

Зголемен е бројот на анксиозни нарушувања

Општо земено, луѓето со полоши симптоми на ментално здравје на почетокот на студијата имале поголеми подобрувања после тренинг за да ги потиснат негативните мисли, но само ако ги потиснат своите стравови, соопшти тимот од Кембриџ. Ова е откритие што тие велат дека директно се спротивставува на идејата дека репресијата е неприлагодлив процес на справување.

Тим од Кембриџ дошол до слични заклучоци во студија од 2014 година објавена во Зборникот на Националната академија на науките. Последното испитување на проблемот дојде, велат тие, бидејќи пандемијата на коронавирус и карантините придонеле за зголемување на проблемите со менталното здравје.

Во октомври 2021 година, истражувачите од Универзитетот во Квинсленд и Универзитетот во Вашингтон рекоа дека има дополнителни 53 милиони случаи на големо депресивно растројство и 76 милиони случаи на анксиозно растројство во 2020 година, што претставува зголемување за повеќе од 25 отсто поради пандемијата.

TRT Balkan / агенции
Популарни