Истакнато е дека клик хемијата за и биоортогоналната хемија ја воведоа науката за хемијата во нова ера на функционализам.       Фото: Ројтерс

Американката Каролин Р. Бертоци, Данецот Мортен Мелдал и Американецот К. Бери Шарплес се добитници на овогодишната Нобелова награда за хемија.

На прес-конференцијата одржана во Кралската шведска академија на науките, соопштено е дека Бертоци, Мелдал и Шарплес се прогласени за заслужни за наградата за развој на клик хемијата и биоортогоналната хемија.

Истакнато е дека клик хемијата за и биоортогоналната хемија ја воведоа науката за хемијата во нова ера на функционализам.

Наведено е дека биоортогоналните реакции на Бертоци се одвиваат без нарушување на нормалната хемија на клетката и дека придонесуваат за целни третмани за рак, што е само едно од бројните полиња за нивна употреба.

Беше кажано дека Шарплес и Мелдал ги поставиле темелите на клик хемијата, односно функционалната форма на хемијата.

AA
Популарни