Кинеските научници креираа систем за вештачка интелигенција (ВИ) кој ќе ги олесни хемиските истражувања и експерименти, објави China Science Daily.
Хемичарот со вештачка интелигенција е опремен со „научен ум“ кој му овозможува да ги спроведе сите суштински чекори за хемиско истражување, велат научниците од Универзитетот за наука и технологија во Кина.
Така, ВИ-хемичарот автоматски собира податоци, ги обработува, анализира и визуелизира.
Дизајниран е така што може автоматски да пребарува низ релевантна литература од базите на податоци на облак и истовремено да ја чита и соодветно да предлага експерименти.
Понатаму, хемичарот со вештачка интелигенција може да контролира мобилен домашен робот или преку мрежа автоматски да го изврши целиот експериментален процес на повеќе од десет работни станици.
Компјутерскиот мозок на ВИ-хемичарот може истовремено да ги анализира експерименталните податоци, овозможувајќи му да предложи нова хипотеза за следното повторување.
Компетентноста на хемичарот со вештачка интелигенција беше тестирана со тоа што му беа дадени три различни хемиски задачи, според неодамна објавената статија во списанието National Science Review.