Виазовска е втората жена што ја добила наградата во нејзината над 80-годишна историја     Фото: Ројтерс

Украинската математичарка Марина Виазовска (37) е една од четворицата добитници на престижниот Филдсов медал, кој често се опишува како Нобелова награда за математика.

Виазовска е втората жена што ја добила наградата во нејзината над 80-годишна историја, соопшти во вторникот жирито на Меѓународната математичка унија.

Украинката која сега е професорка на Швајцарскиот федерален институт за технологија во Лозана, е позната по доказите за повисоки димензионални еквиваленти на натрупување сфери со еднаква големина. Таа е исто така само втората жена која некогаш ја освоила престижната награда.

Од 60-те математичари кои освоија Филдсов медал пред оваа година, 59 беа мажи. Во 2014 година, математичарката од Стенфорд, Мирјам Мирзахани, беше првата и досега единствената жена што го добила.

„Се чувствувам тажно што сум само втората жена“, рече д-р Виазовска. „Но, зошто е тоа така? Не знам. Се надевам дека ќе се промени во иднина“.

Таа беше наградена за нејзината работа во пакување сфери - проблем кој првпат го постави германскиот астроном и математичар Јоханес Кеплер пред речиси 400 години.

Кеплер е најпознат по тоа што сфатил дека планетите се движат околу Сонцето во елиптични орбити, но тој исто така размислувал за она што се нарекува претпоставка на Кеплер. Тој предложи дека најкомпактен начин за пакување на сфери е во пирамида, како портокали во супермаркет.

Меѓутоа, Кеплер не можеше да ја докаже таа изјава. Ниту некој друг не можеше додека Томас Хејлс, тогаш на Универзитетот во Мичиген, не успеа во 1998 година со доказ од 250 страници и, контроверзно, со помош на компјутерска програма.

Њујорк Тајмс пишува дека во 2016 година, д-р Виазовска го најде одговорот во осум димензии, покажувајќи дека особено симетричната структура за пакување позната како Е8 е најдобрата можна, пополнувајќи околу една четвртина од волуменот.

Во рок од една недела, таа и уште четворица математичари покажаа дека различен распоред е најдоброто можно пакување во 24 димензии.

Што е толку посебно за осум и 24 димензии?

„Мислам дека тоа е мистерија“, рече д-р Виазовска. „Само во овие димензии, се случуваат одредени работи кои не се случуваат во други димензии“.

На церемонијата во Хелсинки, Финска, медалите им беа доделени и на Французинот Хуго Думинил-Копен, Џун Ху со седиште во САД и на Британецот Џејмс Мејнард.

TRT Balkan / агенции
Популарни