23 ноември е ден на математичарот Фибоначи       Фото:  / Photo: Reuters Archive

Ја има во природата, космосот, математиката, уметноста и архитектурата и за некои е знак на „божјиот дизајн“, додека пак за друга одраз на законите на природите. Станува збор за „Низата на Фибоначи“, односно математичка серија на броеви кои почнуваат со нула и еден, а потоа секој нареден број е збир на претходните два броја.

Така низата се одвива во следниот редослед 0, 1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89... и продолжува до недоглед.

Денот на Фибоначи се одбележува на 23 ноември, бидејќи според американскиот календарски формат каде прв е месецот, па потоа денот се добиваат првите четири цифри од низата, односно 1 1 2 3.

Што се фибоначиеви броеви?

Сите цифри во оваа математичка низа се нарекуваат фибоначиеви броеви и истите може да се сретнат во различни корелации во природата. На пример бројот на листови на цветовите речиси секогаш, без исклучок се броеви од низата на Фибоначи.

Во анатомијата бројот на раце, прсти и подреденост на коски во раката се исто така цифри кои се дел од оваа низа.

За нејзиното постоење најверојатно имало сознанија во Индија уште во шестиот век од новата ера, но во западната цивилизација се претставени во 13 век од страна на италијанскиот математичар Леонарди Боначи од Пиза, или познат како Фибоначи.

Златниот размер

Во 1202 година математичарот ја објавува книгата „Либер Абачи“ во која ја истакнува практичноста на индо-арапските цифри, како и правила за математички пресметки кои внеле целосна револуција на европско тло со што се става дефинитивен крај на употребата на римските броеви.

Исто така го одредува бројот „фи“ кој се означува со грчката буква „φ“. Овој број изнесува 1,618 и се добива кога поголемиот број се дели со неговиот претходник. Еден од омилените примери за негово претставување е кога бројот на женски пчели ќе се подели со бројот на машки пчели во кошницата дека се добива точно 1,618 како „совршен сооднос“.

Интересно е што бројот „фи“ бил познат и во античка Грција, па така на пример скулпторот Фидија го користел за одредување размер во изработката на статуите и соодносот со храмовите. Така се раѓа идејата за златниот размер во уметноста на пример за одредување на ликовите, предметите и симболите.

Некои теории нудат возвишени објаснување, односно дека буквата ф е израз на симболите О и I, односно од непостоењето до создавањето на светот и често може да се сретне како тематика во научно-фантастични или пак теолошки романи со мистериозни теми.

Следна е и златната спирала која се проширува од основата или почетокот во однапред утврдена прогресија, како на пример како кај морските полжави, но и во математички прецизни равенки за да се одрази раст или ширење со утврден размер.

Каде се користи низата на Фибоначи?

Низата на Фибоначи се користи и во естетиката, особено во пластичната хирургија за одредување точни пропорции за соодносот на цртите на лицето и телото, но и во архитектурата за надворешниот изглед на објектите, поставеноста на врати, прозорци и тераси и искористување на светлината.

Чекор понатаму се прави и со релацијата помеѓу фи бројот и пи бројот, како две математички константи чиј производ (pΦ) изнесува 5.0832 и често се наоѓа во геометриска форма.

Различни математички пресметки на броевите Фи и Пи може да ве одведат длабоко во „зајачка“ дупка, па така често нивните изведенки со мотиви од религијата, философијата и историјата се инспирација за бројни теории на заговори, некои од нив се наоѓаат на археолошки локалитети, но без докази дека се применувале свесно и според некаков дизајн.

Модерната примена на низата на Фибоначи доведе од креирање на напредни математички модели за финансии и вложување средства во акции на берзите, како и компјутерски модели за пресметки и програмирање.

TRT Balkan
Популарни