Од регионот најдобри резултати во математиката за 4 одделение покажале учениците од Бугарија, Србија и Албанија / Photo: AA

Резултатите од ТИМСС (Trends in International Mathematics and Science Study), меѓународно истражување за трендовите во математичко и научно знаење, кое на секои четири години го спроведува Меѓународната асоцијација за евалуација на образовните достигнувања (ИЕА) оценувајќи го успехот по математика и природни науки кај учениците од четврто и осмо одделение, беа објавени во средата.

Кога станува збор за ТИМСС 2023, 59 земји и шест регионални ентитети, провинции или градови во светот учествуваа во тестирањето на постигањата на учениците од четврто одделение по математика и природни науки, додека тестирањето на учениците од осмо одделение беше спроведено во 44 земји и три ентитети.

Презентацијата на меѓународниот извештај и резултатите TIMSS 2023 се одржа во средата во Музејот на иднината во Дубаи.

Повеќе од 650.000 ученици од 64 земји учествуваа во истражувањето ТИМСС 2023 година.

Овие меѓународни резултати се важен ресурс за истражувачите, креаторите на политики и едукаторите за да го следат математичко и научно образование ширум светот.

Некои клучни наоди покажаа дека значителен процент од четврто и осмо одделение ширум светот достигнале ниски меѓународни стандарди во математиката и природните науки во 2023 година.

Резултатите од краткорочните трендови покажуваат поголеми разлики во постигнувањата меѓу момчињата и девојчињата во истражувањето на TИМСС 2023 во споредба со ТИМСС 2019 година, особено кај учениците од четврто одделение.

Некои клучни наоди покажаа дека значителен процент од четврто и осмо одделение ширум светот достигнале ниски меѓународни стандарди во математиката и природните науки во 2023 година Others

Постои јасна врска помеѓу домашните ресурси и постигањата по математика и природни науки за четврто и осмо одделение на меѓународно ниво.

Повеќе од еден од десет ученици на меѓународно ниво пријавуваат дека не присуствуваат на училиште најмалку еднаш неделно.

Сингапур постигна најдобар успех

Сингапур повторно е земја со најдобри перформанси по математика и природни науки меѓу учениците од четврто и осмо одделение.

Четвртоодделенците во Сингапур освоиле дури 615 поени на тестот по математика. Останати земји меѓу првите пет се Тајван (607 поени), Хонг Конг и Кореја (по 594 поени) и Јапонија (591 поени).

Четвртоодделенците во Сингапур освоија 607 поени на тестот по природни науки. Други земји во првите пет се Кореја (583), Тајван (573), Туркије (570) и Англија (556).

Од регионот најдобри резултати во математиката за 4 одделение покажале учениците од Бугарија, Србија и Албанија, кои имаат освоено преку 500 поени, додека Црна Гора, Северна Македонија, Косово и БиХ имаат од 477 до 447

Осмоодделенците во Сингапур најдобри резултати имаа и на тестот по природни науки, освојувајќи 605 бодови. Следат Тајван (602), Кореја (596), Јапонија (595) и Хонг Конг (575).

Туркије постигна историска пресвртница

Туркије годинава го постигна најдоброто претставување откако земјата почна да учествува во ова истражувањето 1999 година.

Вкупно 9.466 ученици од 282 училишта од Туркије учествуваа од 2 до 26 мај годинава на истражувањето на ТИММС 2023.

Според резултатите на ТИМСС, учениците од четврто одделение во Туркије се рангирани на прво место меѓу европските земји и на второ место меѓу земјите од Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД) во областа на природните науки.

Турските четвртоодделенци се најдоа на четвртото место по математика меѓу земјите на ОЕЦД.

Повеќе од еден од десет ученици на меѓународно ниво пријавуваат дека не присуствуваат на училиште најмалку еднаш неделно Others

Лошите резултати на Франција предизвикаа дебата

Франција е на дното на рангирањето меѓу земјите од Европската унија, додека меѓу земјите на ОЕЦД е претпоследна во областа на математиката и природните науки, што го доведе во прашање нејзиниот образовен систем.

Француските ученици постигнаа резултати под просекот на ОЕЦД, што предизвика широка дебата во земјата. Локалните медиуми ги објавија резултатите, опишувајќи ги како повик за будење до креаторите на политиките и едукаторите.

Француските четвртоодделенци освоија просечни 484 поени по математика, што ги става под просекот на ОЕЦД и ги рангира на 42-то место меѓу 58 земји-учеснички, објави весникот „Ле Монд“. Во истражувањето во природни науки Фрација постигнаа просечен резултат од 488 поени, што исто така е под просекот на ОЕЦД.

AA
Популарни