технологиите за собирање енергија на радио фреквенцијата се важни бидејќи ја намалуваат зависноста од батериите / Photo: National University of Singapore/ GettyImages

Безжичното полнење на уреди не е ништо ново. Корисниците на паметни телефони добро го знаат принципот едноставно да го стават телефонот на подлогата за полнење и батеријата ќе се полни.

Научниците од Националниот универзитет во Сингапур, сепак, отидоа чекор подалеку и развија прототип на модул за собирање енергија, би се рекло - од воздух.

Поточно, станува збор за модул (и технологија) кој ги претвора амбиенталните, односно „отпадните“ радиофреквенциски сигнали во ДЦ напон, кој потоа може да се користи за напојување на мали електрични уреди, без употреба на батерии.

Како што истакнаа при презентацијата на прототипот, технологиите за собирање енергија на радио фреквенцијата се важни бидејќи ја намалуваат зависноста од батериите, го продолжуваат животниот век на уредите, го намалуваат влијанието врз животната средина и ја зголемуваат изводливоста на безжични сензорски мрежи и ИоT уреди во далечени области каде што честото менување на батериите е непрактично.

Предизвици

Но, додаваат тие, таквите технологии се соочуваат со предизвици поради ниската јачина на амбиенталниот радиофрекфенциски сигнал (обично помал од -20 дБм).

Тековната технологија на исправувач или не работи или покажува мала ефикасност во конвертирањето на радиофреквенциите во ДЦ напон.

Затоа, тим од истражувачи од Сингапур, во соработка со научниците од Универзитетот Тохоку во Јапонија и Универзитетот во Месина во Италија, развија компактна и чувствителна технологија за исправување која користи нано-нано-исправувач за да ги конвертира амбиенталните безжични радиофреквентни сигнали на помалку од -20 дБм во ДЦ напон, пренесува порталот „Зимо“.

Тимот ги оптимизираше тие исправувачи и дизајнираше две конфигурации - едната работи помеѓу -62 дБм и -20 дБм и низа од 10 исправувачи во серија во модул за собирање енергија.

Резултатот беше успешно напојуван комерцијален температурен сензор на -27 дБм.

„Собирањето електромагнетни сигнали за радиофреквенција на околината е клучно за подобрување на енергетски ефикасните електронски уреди и сензори. Сепак, постоечките модули за собирање енергија се соочуваат со предизвици за работа со мала моќност поради ограничувањата во постојната технологија на исправувачи, објасни професорот Јанг Хунсо од Катедрата за електротехничко и компјутерско инженерство на Националниот универзитет за дизајн и инженерство во Сингапур, кој го водеше проектот.

Објаснувајќи ја оваа нова технологија, Јанг истакна дека тие ги оптимизирале исправувачите да работат на ниски нивоа на РФ моќност достапни во околината и интегрирале серија такви исправувачи во модул за собирање енергија за напојување на ЛЕД диоди и комерцијални сензори со РФ моќност помала од - 20 дБм.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Nature Electronics“.


TRT Balkan / агенции
Популарни