Батериите во електричните автобуси се заменуваат по пет до шест години, кога нивниот капацитет паѓа на околу 80 проценти / Photo: Reuters

Наместо да бидат отфрлени, литиум-јонските батерии со крајот на нивниот животен век се отстрануваат од електричните автобуси на Мерцедес еКитарос и се поврзуваат заедно за да се создаде систем за складирање енергија

Германскиот производител на автомобили Дајмлер најде нова употреба за батериите од електричните автобуси што се користат во системите за јавен транспорт низ Европа кога ќе го достигнат крајот на нивниот век на траење.

Наместо да бидат отфрлени, литиум-јонските батерии со крајот на нивниот животен век се отстрануваат од електричните автобуси на Mercedes eCitaro и се поврзуваат заедно за да се создаде систем за складирање енергија.

Батериите се ставаат во резервоари во просториите на локалната транспортна управа во германскиот град Хановер и се поврзани директно на мрежата преку конвертори и трансформатори.

Дајмлер не е единствената компанија што го прави ова, холандскиот производител на автобуси ВДЛ (VDL) и енергетската компанија РВЕ (RWE) исто така лансираа сличен систем за складирање од отпадни батерии.

Стационарната единица за складирање енергија на Дајмлер има вкупен капацитет од повеќе од 500 КВ часови и се состои од 28 батерии од Мерцедес Бенц еКитарос.

Батериите во електричните автобуси се заменуваат по пет до шест години, кога нивниот капацитет паѓа на околу 80 проценти.

Сепак, тие сè уште се корисни во стационарна работа каде што загубите на капацитетот играат само мала улога.

Дајмлер рече дека на овие батерии обично им остануваат околу 10 години од нивниот животен век.

TRT Balkan / агенции
Популарни