Морските алги може да се користат во некои случаи кога алтернативите не се достапни / Photo: Reuters

Лигави, зелени алги лебдат во чаши, кофи и чинии полни со вода во лабораториите на Универзитетот во Сантијаго, алги кои научниците од главниот град на Чиле се обидуваат да ги претворат во ефикасен извор на енергија.

Нивната област на истражување се биофотоволтаиците, каде фотосинтетичките организми како што се морските алги се користат за претворање на светлината во електрична енергија. Научниците ги распоредиле морските алги на електроди на биофотоволтаични панели, кои се слични на соларните.

„Новитет е дека работиме со макроалги. Порано секогаш работевме со микроалги. Микроалгите се микроорганизми, генерално цијанобактерии. Патем, овие бактерии се меѓу најстарите микроорганизми кои постојат и тие произведуваат најголем дел од кислородот што го дишеме“, изјави водачот на проектот Федерико Таска од Хемискиот и биолошкиот факултет на Универзитетот во Сантијаго.

„Проектот се состои од развој на биофотоволтаични панели. Што се биофотоволтаични панели? Тие се начин на трансформација на електрична енергија преку алги, каде што ќе ги поставиме овие алги на електроди. Алгите користат светлина за оксидација на водата, ослободувајќи електрони во процесот. Овие електрони ги собираме во електрично коло каде точно ќе ја изградиме потенцијалната разлика“, додаде Таска.

Слични проекти претходно користеле микроалги, кои се едноклеточни организми, додека морските алги се макроалги или повеќеклеточни организми, рече Таска.

„Макроалгите се поотпорни, полесни за работа, полесни за собирање“, рече Таска, признавајќи дека процесот се уште е далеку од енергетска ефикасност.

Морските алги може да се користат во некои случаи кога алтернативите не се достапни.

„Тоа е добар систем за напојување на сијалицата, за осветлување на некои ЛЕД диоди, рече тој.

Алгите се уште недоволно се истражуваат, вели Алехандра Моен, раководител на Катедрата за морска биологија на Универзитетот во Сантијаго.

„Секогаш велев дека алгите се како ковчег со богатство закопано во морето. Тие се полни со гени и молекули за кои сè уште не знаеме доволно, а кои еден ден би можеле да се користат дури и за медицински цели“, рече Моен.


TRT Balkan / агенции
Популарни