ТЕХНОФЕСТ годинава по трет пат се одржува во Измир / Photo: AA

Во турскиот град Измир денеска е отворен саемот за воздухопловство и технологија ТЕХНОФЕСТ, јавува Анадолу.

Саемот се одржува во организација на Турската фондација за технологија (Т3) и Министерството за индустрија и технологија на Туркије.

ТЕХНОФЕСТ годинава по трет пат се одржува во Измир. Саемот за воздухопловство и технологија на аеродромот Чигли ќе трае до 1 октомври.

Саемот на технологијата се одржува со учество на 121 институција, меѓу кои министерства, приватни компании и академски институции.

За време на саемот, на небото перформанс ќе изведе и аеробатскиот тим на Турските воздухопловни сили, „Турски ѕвезди“.

Во рамките на саемот ќе настапат и беспилотното борбено летало Бајрактар ТБ2, Бајрактар ТБ3, Бајрактар АКИНЏИ и турскиот воен хеликоптер АТАК.

ТЕХНОФЕСТ за прв пат се одржа во 2018 година. Агенција Анадолу е глобален комуникациски партнер на саемот за технологија ТЕХНОФЕСТ.

AA
Популарни