Туркије: Отворен Фестивалот на дигиталната уметност во Истанбул / Photo: AA

Во присуство на бројни уметници и официјални лица, беше отворен Фестивалот на дигитална уметност во Истанбул, кој оваа година се одржува по четврти пат.

Фестивалот за дигитална уметност собира бројни истакнати имиња од Туркије и странство од областа на дигиталната уметност.

Директорот на фестивалот Набат Гараханова рече дека во рамките на фестивалот секоја година садат садници во име на уметници и спонзори со цел да се промовира заштитата на животната средина.

Турскиот заменик-министер за култура и туризам Батухан Мумџу го изрази своето задоволство што биле домаќини на многу почитувани уметници на фестивалот за дигитална уметност во Истанбул, кој, како што рече, расте од ден на ден. Кино кустосот на фестивалот Самед Караѓоз истакна дека на фестивалот подготвиле изложба од 100 кинематографски дела во издание на агенцијата Анадолу (АА).

„Ги оживеавме овие дела со вештачка интелегенција“, рече Караѓоз.

Кустосот за мода Нијази Ердоган изјави дека на фестивалот оваа година првпат е поставен и простор за мода. „Всушност, модата е област во која ги живееме нашите животи и ја откриваме сопствената реалност“, рече Ердоган.

Џули Волш, музички куратор, рече дека оваа година на програмата се уметници од Колумбија, Тајван, Франција, Соединетите Американски Држави (САД), Германија и Туркије.

Кустосот за видео игри Рахим Унлу истакна дека сите посетители можат да искусат интерактивни искуства преку видео игри и технологии за виртуелна реалност. Робот со високи достигнувања на вештачката интелегенција Авинд исто такаодржа говор на отворањето на фестивалот.

На фестивалот, кој оваа година се одржува под мотото „Барај ја реалноста“, ќе бидат изложени дела на 55 уметници. Прв и единствен меѓународен Фестивал на дигиталната уметност во Туркије ќе трае до 5 мај.

Во рамките на фестивалот ќе бидат одржани пројни работилници, панели и визуелни и аудио рефрорманси за деца и возрасни. Агенцијата Анадолу е глобален комуникациски партнер на фестивалот кој се одржува со поддршка на Министерството за култура и туризмот на Туркије.

AA
Популарни