Научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) развија четбот напојуван со вештачка интелигенција кој ја симулира состојбата на корисникот, со цел да поттикне долгорочно размислување и помудро одлучување.
Четботот, дел од проектот „Идниот ти“ (Future You) користи дигитално стари фотографии од профилот на корисникот и синтетички спомени за да создаде реална интеракција со неговата верзија од иднината.
„Целта е да се промовира долгорочно размислување и промена на однесувањето. Ова би можело да ги мотивира луѓето да донесат помудри одлуки во сегашноста кои ја оптимизираат нивната долгорочна благосостојба и животните резултати“, објасни Пат Патаранутапорн од Медиа Лаб на МИТ.
Разговор со постара верзија од себе
Во еден пример, студентка која се стремела да биде професор по биологија разговарала со симулирана 60-годишна верзија од неа. Четботот, кој се претставувал како пензионирана професорка, се сеќава дека му помогнала на ученик кој се мачел да ги подобри оценките.
„Беше толку убаво да се види како лицето на студентот свети со гордост и достигнување“, одговори четботот на студентката.
За да го користат четботот, корисниците пополнуваат прашалник за нивниот сегашен живот, вклучувајќи ги нивните аспирации, семејни и минати искуства. Тие објавуваат и портрет што компјутерска програма го поставува за да создаде визуелизација на идниот изглед на дотичниот корисник.
Овие информации потоа се внесуваат во голем јазичен модел кој создава кохерентни синтетички мемории за постарата верзија на корисникот. Четботот, напојуван од ОпенАИ ГПТ-3.5, се претставува како постара верзија на корисникот и дискутира за животните искуства врз основа на податоците доставени до него.
Пат Патананутапорн сподели лично искуство каде четботот го потсети на смртноста на неговите родители, повикувајќи го да поминува повеќе време со нив.
„Сесијата ми даде нова перспектива, која сè уште ме засега“, рече тој.
Ова е само потенцијална иднина
Корисниците се информирани дека нивното „идно јас“ не е предвидување туку потенцијално сценарио врз основа на нивните моментални информации. Тие можат да истражуваат различни иднини со менување на нивните одговори на прашалникот.
Истражувањето на научниците од МИТ беше објавено на репозиториумот „арХив“ (arXiv)и во него учествуваа 344 волонтери.
Истражувањата покажаа дека разговорот со четботот ја намалува анксиозноста и ја зајакнува врската на корисниците со нивната постара верзија од себе. Таа врска може да доведе до подобри животни избори, како што се поставување цели, вежбање, здрава исхрана и заштеда на пари.
Иво Влаев, професор по бихејвиорални науки на Универзитетот во Ворвик, го пофали проектот.
„Тој ја отелотворува идејата за поттикнување - суптилни интервенции дизајнирани да го насочат однесувањето на корисни начини, правејќи го идното јас поистакнато и релевантно за сегашноста. Ако се имплементира ефективно, има потенцијал значително да влијае на тоа како луѓето носат одлуки денес имајќи ја предвид нивната идна благосостојба“, рече Влаев, кој не беше вклучен во истражувањето.
Сепак, Влаев истакна дека ефективноста зависи од способноста на четботот да симулира значајни разговори.
„Ако корисниците гледаат на четботот како автентичен и остроумен, тоа би можело значително да влијае на нивното однесување. Меѓутоа, ако интеракциите изгледаат површни или измамнички, влијанието може да биде ограничено“, заклучи тој.