/ Photo: Reuters

Шест децении поминаа од првата официјална мисија на Марс, а до стапнувањето на првиот човек на црвената планета најверојатно ќе поминат уште неколку децении или барем толку ќе биде потребно за да се формира првата вонпланетарна колонија.

Навраќајќи се на 28 ноември 1964 година, кога беше лансирано леталото „Маринер 4“, како никогаш досега амбициите за освојување на Марс се високи, како на државните така и на приватните вселенски агенции.

Тогаш, леталото на НАСА ги направи првите фотографии кои на човештвото му открија како изгледа соседната планета на Земјата, именувана според римскиот бог на војната.

Овој датум секоја година се одбележува како ден на црвената планета со цел да се поттикнат новите истражувања и да се информира јавноста.

Така официјално започна серијата на истражувања на Марс кои открија многу, од тоа дека постојат остатоци од вода и органски молекули, атмосферскиот состав и гравитацијата, па се до звукот на планетата кој го сними роверот „Персевиренс“ на НАСА.

Забрзана трка кон соседната планета

Ако мисиите со спуштање човечки екипаж на вонпланетарни вселенски тела беа одамна заборавени, сега постои огромен интерес за враќање како на Месечината, така и за првото стапнување на Марс.

Од една страна постои иницијатива кај приватните компании како Спејс Екс на Илон Маск, кој првата човечка мисија на Марс ја планира за до крајот на оваа декада, а од друга се на државните агенции кои зависат од издвојувањата од буџетот и постоењето на политичка волја.

Токму овие два параметри очигледно дека сега се достапни, што можеби се должи и на зголемените тензии меѓу големите светски сили, одлика која силно ја мотивираше вселенската програма во 60-те и 70-те години во екот на Студената војна и трката за нуклеарно вооружувања, особено на ракетниот потенцијал и ракетна

Но, мотивот на Маск, ако се тргне потенцијалниот профит и експлоатација на ресурси на една цела нова планета, е дека всушност оваа мисија ќе му донесе нова надеж на човештвото.

„Добро е да разбудите наутро со помислата дека иднината ќе биде одлична, тоа е предноста да се биде цивилизација која патува низ вселената. Се работи за вербата дека иднината може да донесе нешто подобро отколку од минатото“, вели Маск во главната порака за марсовата мисија на Спејс Екс.

Вселенски амбиции, човечки недостатоци

Проекциите на НАСА споредено со тие на Маск се чини дека се поконзервативни. Така американската вселенска агенција најпрво сака да се врати на Месечината каде планира изградба на постојана вселенска станица или еден вид лансирана рампа до 2030 година, за потоа во петтата декада од 21 век да ги почне човечките мисии кон Марс.

Исто така не треба да се потценат ниту потфатите на кинеската државна вселенска агенција која има огромни планови за освојување на Марс, како во делот на научни истражувања, така и за воспоставување на постојана човечка колонија.

Од друга страна пак, вселенските истражувања може да бидат сериозно попречени поради војната во Украина. Така, европската и руската вселенска агенција го прекинаа заедничкиот проект ЕксоМарс и поради санкциите против Русија е откажано лансирањето на роверот планирано за годинава.

TRT Balkan
Популарни