Проблемот е на глобално ниво / Photo: Reuters

Најмалку 300.000 профили пријавиле дека имаат проблем за пристап до услугите на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм кои се во сопственост на компанијата Мета.

Според сајтовите за пријавување проблеми, досега најмалку 300.000 профили пријавиле дека воопшто не може да ги користат двете популарни апликации.

Проблемот е на глобално ниво и се утврдува кои се причините за блокираните услуги на апликациите на Марк Закерберг.

„Свесни сме дека луѓето имаат проблем со пристапот до нашите услуги. Работиме на тоа сега“, рече портпаролот на Мета, Енди Стоун во објавата на социјалната мрежа X.

Засега се чини дека таков проблем нема мобилната апликација за допишување и повици која исто така е под чадорот на Мета.

Истовремено корисниците се жалат и на пристапување на дел од услугите на Гугл кои побавно од вообичаено се отвораат.

TRT Balkan / агенции
Популарни