Во GTI ќе бидат вклучени услугите на Gemini и анализа од страна на Mandiant / Photo: Google

Google најави нова употреба на вештачката интелигенција за засилување на сајбер безбедноста на корисниците, особено на компаниите кои ги користат услугите на Google Threat Intelligence алатката.

Во новиот пакет на GTI ќе бидат вклучени услугите на јазичниот модел Gemini како и анализата од страна на Mandiant, компанијата за сајбер безбедност која Google ја купи во 2022 година.

Тимот на Mandiant во 2020 година го откри сајбер нападот WannaCry кој ја таргетираше федералната власт на САД во повеќе институции, вклучително и здравствени установи, што предизвика огромни последици.

Со новата комбинација на вештачка интелигенција и сајбер безбедност, корисниците ќе добијат појасни извештаи за изврешените сајбер напади, и подобро ќе може да проценат како да реагираат против истите.

Исто така Google Threat Intelligence ќе ги тестира можните слабости на проекти во кои е вклучена употреба на вештачка интелигенција и автоматизација и ќе врши проценка на безбедноста на податоците.

Меѓу новите услуги на GTI ќе биде и навремено известување на корисниците за можни сајбер напади со анализа на сајбер просторот и информирање за активностите на малциозните актери.

TRT Balkan / агенции
Популарни