Функцијата е достапна на оперативниот систем иОС на Епл, но наскоро исто така ќе биде достапна на други оперативни системи / Photo: Reuters Archive

Корисниците на платформата Х кои користат мобилниот оперативен систем иОС на Епл добија можност да ги уредуваат испратените директни пораки (ДМ), а еден од инженерите на поранешен Твитер најави дека функцијата наскоро исто така ќе биде достапна на други оперативни системи.

„Спасете се од сопствените лоши одлуки или печатни грешки (или од двете)“, беше објавено на платформата Икс по повод воведувањето на овој новитет.

Корисниците можат да ги коригираат пораките со отворање на кој било директен разговор со пораки на платформата, со долго притискање на која било испратена порака или допирање на менито со три точки до пораката.

Во двата споменати случаи ќе се појави опцијата „Уреди порака“.

Според страницата за поддршка на платформата Х, нема временско ограничување за уредување пораки, што значи дека е можно уредување на ДМ-и кои се испратени порано.

На корисниците им е дозволено да направат најмногу пет промени на пораката што претходно ја испратиле.

Оваа функција веќе постои во конкурентни апликации како што се Телеграм, Фејсбук Месинџер, Сигнал или ВатсАп.


TRT Balkan / агенции
Популарни