Кинескиот технолошки гигант Алибаба груп холдинг влезе во стратегиско партнерство со американската компанија Епл за развој на функции со вештачка интелигенција за уредите Ајфон во Кина.
Според извори запознаени со договорот, Епл се одлучил за Алибаба поради напредните способности на ВИ моделот Квен, кој се смета за високософистициран и водечки во областа на вештачката интелигенција.
Партнерството е склучено во време кога Епл се соочува со пад на продажбата на Ајфон во Кина, каде што недостигот на локални способности за вештачка интелигенција се смета за големо назадување.
Извршниот директор Тим Кук го припиша неодамнешниот пад на продажбата на Ајфон во Кина од 11 отсто на недостигот на Епл ВИ, а локалните конкуренти, како Хуавеј, брзо ја пополнија оваа празнина.
Во потрага по локален ВИ партнер, Епл размислувал за стартапи, како ДипСик и БајтДенс, но на крајот се одлучил за Алибаба.
На 29 јануари Алибаба го претстави ажурираниот модел Квен 2.5, тврдејќи дека ги надминува конкурентите, вклучително и ДипСик-В3.
Овој развој е клучен за Епл бидејќи продажбата на Ајфон беше намалена за време на празниците, кој вообичаено е најсилен период за компанијата, поради недостигот на очекуваните ВИ услуги.
Двете компании ги доставија функциите со вештачка интелигенција што ги развија за Ајфон во Кина на одобрување до државниот кинески регулатор.