Епл во вторникот поднесе жалба и наводно работи на софтверско решение за продолжување на продажбата / Photo: AA

На Епл му беше забрането да ги продава своите најнови часовници во САД од вторникот, откако администрацијата на Џо Бајден одби да стави вето на пресудата на Меѓународната трговска комисија (ИТЦ).

Забраната за продажба на Воч Ултра 2 и Воч Сериес 9 (Watch Ultra 2) (Watch Series 9) е резултат на спорот за патент помеѓу Епл и компанијата за медицинска технологија Масимо.

ИТЦ во октомври ја потврди пресудата на судот од јануари дека Епл ги прекршил правата на Масимо во технологијата за читање на нивото на кислород во крвта.

Масимо го тужеше Епл пред ИТЦ во 2021 година за прекршување на патент поради серијата 6 на Епл Воч, првиот модел со можности за следење на кислородот во крвта.

„На 26 октомври 2023 година, Комисијата за меѓународна трговија на САД утврди дека Епл прекршила два патенти во сопственост на Масимо Корпорација и Церкацор Лаборатории (Cercacor Laboratories, Inc), двете со седиште во Соединетите држави.

По консултациите, трговската претставничка на САД Кетрин Таи „одлучи да не ја поништи определбата на ИТЦ и одлуката на ИТЦ стана конечна на 26. Декември 2023 година“, се вели во соопштението на Канцеларијата на трговскиот претставник на Соединетите држави.

Масимо првично го тужеше Епл пред федералниот суд во 2020 година, обвинувајќи го за кражба на трговски тајни во однос на нејзината технологија заснована на светлина за мерење на нивото на кислород во крвта.

Епл во вторникот поднесе жалба и наводно работи на софтверско решение за продолжување на продажбата.

AA
Популарни