Според Даундетектор, околу 22.000 корисници пријавиле проблеми со пристап до ОпенАИ Сора и ЧетГПТ АПИ

ЧатГПТ, популарниот четбот базиран врз вештачка интелигенција, доживеа глобален прекин вчера, како што потврди ОпенАИ, сопственик на услугата.

Според Даундетектор, околу 22.000 корисници пријавиле проблеми со пристап до ОпенАИ Сора и ЧатГПТ АПИ.

ОпенАИ извести дека услугите не се достапни и дека работат на истражување на проблемот, со кој се соочија и програмерите и бизнисите што го интегрирале ЧатГПТ во своите апликации.

Причината за прекинот сè уште не е позната, но компанијата потврди дека е имплементирано решение за делумно продолжување на услугите.

ОпенАИ сè уште работи на целосно решавање на проблемот.

TRT Balkan / агенции
Популарни