Астероидите се реална опасност за Земјата      Фото: ТРТ Балкан

Астероидите се реална опасност за Земјата па научниците продолжуваат да обрнуваат внимание на важноста од внимателно следење и разбирање на астероидите во близина на планетата Земја. Целта е да се намали можноста од судири кои можат да предизвикаат голема штета на животот и природната средина, каков што е случајот со изумирањето на диносаурусите во минатото.

Продолжува проучувањето на астероидите, кои се остатоци од формирањето на Сончевиот систем пред околу 4,6 милијарди години и имаат потенцијал при своето движење да удрат во Земјата.

Во декември 2016 година, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) усвои резолуција за прогласување на 30 јуни за Меѓународен ден на астероидите, чија цел е да ја зголеми јавната свест за опасноста од удар на астероид и да ја информира јавноста за активностите за комуникација во кризна состојба што треба да се преземат на глобално ниво во случај на закана од објекти близу Земјата.

Помали по димензии од планетите, повеќето астероиди во соларниот систем се наоѓаат во астероидниот појас приближно помеѓу орбитите на Јупитер и Марс. Но некои од нив можат да ја напуштат орбитата и да бидат „фрлени“ во Сончевиот Систем, па дури и да влезат во орбитата на Земјата.

ДАРТ: Вселенско летало наменето за намерен судир со астероид

Во ноември минатата година, Националната аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), американската вселенска агенција, ја започна својата прва пробна мисија на планетарен одбранбен систем со лансирање вселенско летало што треба да удри астероид со надеж дека ќе предизвика мерлива промена во неговата траекторија.

Тестот за пренасочување на двојниот астероид (The Double Asteroid Redirection Test, DART) беше лансиран преку ракетата „Спејс икс“ од вселенската база „Ванденберг“ во централна Калифорнија, САД.

Леталото е наменето намерно да се судри со астероид со таква брзина со која ќе ја промени брзината на ротацијата и насоката на движење на астероидот за ниво кое е мерливо со земјините телескопи.

Леталото ќе патува околу една година додека не ја достигне својата цел ‒ пар астероиди познати како Дидимос (Didymos) ‒ и ќе се удри во помалиот Диморфос (Dimorphos), со речиси 15.000 милји (24.140 километри) на час, или 4 милји (6 километри) во секунда. НАСА истакнува дека мисијата е само тест и дека астероидите не се закана за Земјата.

Се очекува леталото да стигне до Дидимос во периодот од 26 септември до 1 октомври 2022 година.

Мисијата „Психа“ на НАСА

Според официјалната веб-страна на НАСА, мисијата „Психа“ е патување кон уникатниот астероид богат со метал кој орбитира помеѓу Марс и Јупитер.

Со богатство од благородни метали како злато, платина, никел, бакар, кобалт, иридиум и радиум, астероидот „Психа“ беше откриен во 1852 година.

НАСА го стопира планираниот обид за лансирање на мисијата на астероидот „Психа“ за 2022 година поради доцното доставување на софтверот за летот на вселенското летало и опремата за тестирање.

Мисијата има за цел да го истражи астероидот во детали, за првпат. Експертите предвидуваат дека мисијата ќе се прошири со 2023 или 2024 година.

Потенцијалната опасност од астероиди

Потенцијалната опасност од астероидите на почетокот на 20 век откри каква штета може да предизвика дури и астероид со мала големина доколку удри во Земјата.

Забележан како најсилниот удар на астероид во поновата историја на Земјата, на 30 јуни 1908 година, астероид со 40 метри во дијаметар падна во регионот Тунгуска во Сибир, уништувајќи шума со големина на голем град.

AA
Популарни