Валкири, хуманоидниот робот на НАСА е висок околу 2 метри, тежи околу 130 килограми и всушност е многу импозантна фигура. Тој е дизајниран да работи во предизвикувачки средини, како што се области погодени од природни катастрофи, но, еден ден би можел да работи и во вселената.
„Не се обидуваме да ги замениме човечките екипажи. Ние само се обидуваме да ги ослободиме од здодевната, валканата и опасна работа, вели Шон Азими, шеф на тимот Dexterous Robotics во НАСА.
Тој вели дека хуманоидните роботи, кои личат на луѓе, би можеле потенцијално да извршуваат ризични задачи во вселената, така што астронаутите можат да се посветат на на истражувањето и откривањето.
Тој вели дека хуманоидниот робот со соодветен софтвер може да ги користи истите алатки и опреми како луѓето.
На пример, роботите би можеле да ги чистат соларните панели или да ја проверат опремата што не функционира надвор од вселенското летало.
„Во однос на хуманоидните роботи, многу е интересно да може директно да ги контролирате рацете и да ја движите главата. И тоа е она што го правиме со роботот Валикири. Кога зборуваме за операции од Земјата, ќе имаме многу повисок степен на автономија, каде што човечки оператор на Земјата стратешки ќе му дава задачи на робот. А роботот би бил одговорен за самостојно извршување на овие задачи“, вели Азими.
НАСА соработуваше и со компанијата за роботика Apptronik со седиште во Тексас. Тие сакаат да научат како земјените роботи на Apptronic може да се користат за работа со идни роботи наменети за вселената.
„Тие сакаат да видат одржлив систем на Земјата пред да ги однесеме тие системи во вселената, на Марс и на Месечината“, вели Ник Пејн, главен технолошки директор на компанијата за развој на Аполо, човеколики робот чии задачи на земјата ќе вклучуваат работа во магацини и производствени капацитети, како што се преместување пакети и редење палети.
Apptronik планира да започне со испорака на хуманоидни роботи до компаниите на почетокот на 2025 година.
Пејн вели дека Аполо има јасни предности во однос на неговите човечки колеги, особено во издржливоста.
„Роботите како Аполо се дизајнирани да бидат прилагодливи на многу апликации. И тоа е местото каде што НАСА навистина се обидува да види кои се клучните празнини во кои треба да инвестираме во иднина за да го внесеме системот од Земјата во вселенската средина“, вели Пејн.