Телескопот Џејмс Веб на американската вселенска агенција НАСА направи фотографија од формирање на ѕвезди во т.н. „мртва галаксија“, за која се смета дека постоела 700 милиони години по формирањето на универзумот стар 13,8 милијарди години.
Истражувачите забележале дека испитувањето на галаксијата може да открие нови информации во врска со прелиминарните фази на универзумот и факторите кои влијаеле на формирањето на ѕвезди во галаксиите.
За разлика од претходно забележаните големи мртви галаксии, беше утврдено дека „мртвата галаксија“ оддалечена милијарди светлосни години од Земјата е со мала маса, како што е „малиот магеланов облак“ во близина на галаксијата Млечен Пат, каде сè уште се забележуваат нови ѕвездени формации.
Тобијас Лосер, еден од авторите на студијата објавенa во списанието Nature и истражувачки асистент во космолошкиот институт Кавли, поврзан со Универзитетот во Кембриџ, изјави дека во првите неколку стотици милиони години од универзумот, многу облаци од гас се распаднале и формирале нови ѕвезди.
Лосер посочува дека во раниот универзум, транзицијата на галаксиите од фазата на формирање на ѕвезди во фазата на мирување или изумирање, исто така, може да биде брза.
Податоците открија дека најстарата галаксија за која станува збор има кратки, робусни изливи на формирање на ѕвезди од 30 до 90 милиони години, по што згаснала.
Подвлекувајќи дека се верувало дека формирањето на ѕвезди би можело да престане поради црните дупки или интеракциите меѓу ѕвездите, Франческо Д'Еугенио од Космолошкиот институт Кавли истакна дека не се сигурни „дали некое од овие сценарија може да го објасни од тоа што ние во моментов го гледаме со телескопот“.