Фотографиите откриваат детали за маглината „Зеленото чудовиште“, првпат забележана од Веб во 2023 година / Photo: NASA / Photo: AA

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА, најголемата и најмоќната астрономска опсерваторија досега лансирана во вселената, во изминативе 18 месеци објавува слики од космичката убавина.

Меѓу огромниот број фотографиии научниците добија нов поглед на остаток од суперновата Касиопеја А. Наодите откриваат детали за маглината „Зеленото чудовиште“ , првпат забележано од Веб во 2023 година

На 25 декември 2021 година Телескопот се вивна кон небото на 25 декември 2021 година од Француска Гвајана на североисточниот брег на Јужна Америка, на европската ракета Аријана.

Веб е толку голем што мораше да се свитка како оригами, за да се вклопи во ракетата.

Опсерваторијата вредна 10 милијарди долари забрза кон својата дестинација на 1,6 милиони километри од Земјата, што е повеќе од четири пати повеќе од растојанието од Месечината.

На 8 јануари 2022 година, Џејмс Веб го отвори своето џиновско огледало. Последниот дел од огледалото од 6,5 метри се ротира на своето место по команда на контролорот на летот.

Помоќен од вселенскиот телескоп Хабл, Веб ќе го скенира космосот за светлина што доаѓа од првите ѕвезди и галаксии формирани пред 13,7 милијарди години.

За да го постигне ова, НАСА мораше да го опреми Веб со најголемото и најчувствително огледало што некогаш било лансирано, неговото „златно око“, како што го нарекуваат научниците.

Ова огледало е направено од берилиум, лесен, но силен метал отпорен на ладно.

Секој од неговите 18 сегменти е обложен со ултра тенок златен слој кој ја рефлектира инфрацрвената светлина.

Шестоаголните сегменти, со големина на масичка, мора да се прилагодат во наредните денови и недели за да можат да се фокусираат како едно кон ѕвезди, галаксии и вонземјански светови кои би можеле да содржат атмосферски знаци на живот.

Најголемиот, најмоќниот вселенски телескоп во светот пристигна на своето место за набљудување на 24 јануари 2022 година.


TRT Balkan / агенции
Популарни