Леталото, познато како Тест за пренасочување на двоен астероид (DART), се очекува да удри во астероидот со дијаметар од 179 метри на 27 септември.                       Фото: НАСА

Вселенско летало на НАСА следната недела намерно ќе удри во мал астероид како дел од тест за планетарна одбрана што еден ден би можел да ја спаси Земјата.

Иако астероидот Диморфос не претставува закана за Земјата, целта на овој експеримент е да покаже дека опасните небесни тела може да се пренасочат доколку вселенското летало намерно се забие во нив.

Леталото, познато како Тест за пренасочување на двоен астероид (DART), се очекува да удри во астероидот со дијаметар од 179 метри на 27 септември.

Диморфос е дел од бинарен астероиден систем и орбитира околу Дидимос, за што му требаат 11 часа и 56 минути.

Астрономите се надеваат дека DART ќе ја скрати планетарната орбита за 10 минути.

НАСА посочува дека астероидот не е закана за Земјата, но дека ова е можност да се тестира отклонувањето на астероидот - техниката на кинетичко влијание - и да се провери дали тоа е изводлив начин да се заштити нашата планета, ако во иднина се открие астероид кој би можел да се судри со Земјата.

Во моментот има околу 27.000 астероиди во орбита блиску до Земјата.

DART е лансиран во ноември 2021 година со ракета Фалкон на Спејкс Екс од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија.

Во моментот на судирот, астероидот ќе биде на околу 11 милиони километри од Земјата. Пред да удри во Диморфос, DART ќе ја зголеми брзината на 24.140 километри на час.

Судирот ќе го сними малиот сателит LICIACube на италијанската вселенска агенција.

Со големина на актовка и тежок само 14 килограми, сателитот полета со DART длабоко во вселената пред неодамна да се одвои од него.

Европската вселенска агенција (ЕВА) смета дека оваа мисија е од историско значење бидејќи Диморфос ќе биде првиот објект во Сончевиот систем на кој неговата орбита е мерливо изменета од луѓето.

ЕВА ќе го лансира својот вселенски брод Хера во 2024 година на двегодишно патување до системот на астероиди за да собере информации за влијанието на судирот.

TRT Balkan / агенции
Популарни