Англија убедлива, САД и Велс со реми, Холандија поуспешна од Сенегал / Photo: AA

Холандија беше поуспешна од Сенегал во вториот натпревар од А групата на Светското првенство во фудбал кое е одржува во Катар. „Лалињата” при крајот на мечот го скршија отпорот на Сенегал и беа поуспешни со резултат 2:0.

Во 84 минута Гакпо со глава по нафрлена топка во петерецот го постигна првиот погодок за Холанѓаните. Вториот гол го постигна Класен во деветтата минута од судиското продолжение.

Англија убедливо го совлада Иран во првиот меч во групата Б. “Гордиот Албион” доминираше во текот на целиот натпревар кој на крајот го доби со 6:2. Белингам, Сака и Стерлинг беа стрелци во 25, 43 и 45 минута.

Сака во 62 минута зголеми на 4:0. Иран преку Тареми успеа да намали на 4:1. Рашфорд и Грилиш ги постигнаа последните два гола за репрезентацијата на Англија, а Иран во невообичаено долгото продолжение на второто полувреме од 13 минути, според новите правила на ФИФА, од пенал повторно преку Тареми го постави конечниот резултат од 6:2.

Вториот натпревар од оваа група донесе поизедначен дуел. САД и Велс одиграа нерешено 1:1. САД поведе во првото полувреме преку Веа. Најдобриот играч на Велс, Герет Бејл со удар од 11 метри на осум минути пред крајот на натпреварот го израмни резултатот.

TRT Balkan
Популарни