Французите не промашија ниту еден пенал, додека Феликс на другата страна погоди статива / Photo: AA

Француската фудбалска репрезентација е вториот полуфиналист на овогодинешното Европско првенство, откако во четвртфиналето во Хамбург по изведување пенали ја елиминира Португалија.

Португалија и Франција регуларниот дел од натпреварот го одиграа без голови, а во судиското продолжение избраниците на Роберто Мартинез имаа повеќе шанси за гол.

При изведувањето на пенали подобри беа Французите (5:3), кои во полуфиналето ќе играат против Шпанија, која претходно денеска ја совлада Германија со 2:1 по продолженија.

Вториот полуфинален пар ќе биде познат утре по натпреварите Англија-Швајцарија и Туркије-Холандија.

Натпреварот во Хамбург не беше претерано атрактивен, особено во првиот дел, но се беше надоместено со пеналите, во кои единствен непрецизен беше Жоао Феликс.

Неговиот обид заврши на стативата, а Франција ги постигна сите пет удари од белата точка.

Во пенал рулетот први шутираа Французите, а еве како се одвиваше пенал-рулетот:

Дембеле погодува за 1:0 за Франција

Роналдо погодува за 1:1

Фофана погодува за 2:1 за Франција

Силва погодува 2:2

Кунте погодува за 3:2 за Франција

Жоао Феликс шутира во статива

Баркола погодува за 4:2 за Франција

Нуњо Мендеш погодува за 4:3

Тео Ернандес погоди за 5:3 и победа на Франција

TRT Balkan / агенции
Популарни