Започна со големо изненадување, заврши со очекуван триумф. По првата сензација и неочекуваната победа на Саудиска Арабија над Аргентина од 2:1, третиот ден од Светското фудбалско првенство во Катар донесе победа на Франција и два натпревари кои завршија со најнепопуларниот резултат 0:0.
Данска и Тунис во групата Д одиграа претпазлив дуел без многу возбудувања. Овие репрезентации ги поделија бодовите без постигнат гол.
Подинамичен натпревар одиграа Полска и Мексико во групата Б. Но и таму немаше голови. Иако Полјаците имаа шанса да го решат мечот во своја полза. Најдобриот играч на Полска Роберт Левандовски не успеа да реализира пенал во 58 минута.
Во последниот натпревар Франција убедливо со 4:1 триумфираше над Австралија. Репрезентативците на Австрлија поведоа уште во деветтата минута со голот на Гудвин.
Но Рабио во 27 , Жиру во 32, Мбапе во 68 и повторно Жиру во 71 минута се погрижија да не се случи уште едно големо изненадување. Работите дојдоа на свое место, а Франција ја забележа првата победа која според шансите на крајот од мечот можеше да биде уште поуверлива.