ФИФА го смени почетокот на Светското првенство во Катар     Фото: АА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) официјално го смени датумот на почетокот на Светското првенство за да му овозможи на домаќинот Катар да игра прв.

Светското првенство во Катар планирано беше да се одржи во период од 21 ноември до 18 декември оваа година.

Првенството требаше да го отворат Сенегал и Холандија на 21 ноември, а подоцна тој ден во истата група би играле Катар и Еквадор.

Меѓутоа, Катар како домаќин бараше да го отвори натпреварувањето, па ФИФА донесе одлука турнирот да почне ден порано на 20 ноември.

Катар ќе дебитира на Светското првенство во натпреварот против Еквадор, кој ќе се игра во 19 часот по локално време, по церемонијата на отворање на стадионот Ал Бајт со капацитет од 60.000 луѓе.

Одлуката е донесена 101 ден пред почетокот на првенството, а ја потпиша комитетот на ФИФА кој го сочинуваат претседателот Џани Инфантино и претседателите на сите шест конференции (UEFA, CONMEBOL, CONCACAF, CAF, AFC i OFC).

TRT Balkan / агенции
Популарни