ФИФА ќе им плати на клубовите вкупно 355 милиони долари за праќање на нивните фудбалери на светските првенства во 2026 и 2030 година, потврди Европската клупска асоцијација (EКA).
ECA во соопштението рече дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и претседателот на EКA, Насер ал-Келаифи, потпишале обновен Меморандум за разбирање во рамките на 29. Генерално собрание на EКA во Будимпешта, главен град на Унгарија.
„Програмата за клупски бенефиции, која историски ги обесштети сите клубови што ги ослободуваа играчите за светското првенство за мажи и беше клучно достигнување на претходниот Меморандум за соработка, сега ќе се зголеми од 209 милиони долари за финалните турнири на Светското првенство на ФИФА во 2018 и во 2022 година на 355 милиони долари за турнирите во 2026 и 2030 година“, соопшти EКA.
Се истакнува дека долгорочниот договор ќе им овозможи на EКA и ФИФА да ја надградат нивната блиска соработка што постои од основањето на ECA пред 15 години, до 31 декември 2030 година.