Претседателот на Меѓународниот фудбалски сојуз (ФИФА) Џани Инфантино повика на прекин на огнот во Украина додека трае Светското фудбалско првенство.
Во текот на ручекот со челниците на членките на Г20 во Бали, Инфантино истакна дека Мундијалот, кој почнува на 20 ноември, в недела во Катар, е единствена можност за прекин на огнот во Украина.
„Моето барање до сите е да разгледаат привремен прекин на огнот на месец дена во текот на Светското првенство или барем спроведување на некои хуманитарни коридори. Направете нешто што би можело да доведе до обнова на дијалогот, што би бил прв чекор кон мирот“, рече Инфантино.
Светското фудбалско првенство ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.
„Вие сте челници на светот, имате можност да влијаете на текот на историјата. Фудбалот и Светското првенство ви нудат света платформа на единствно и мирот ширум светот“, додаде челникот на ФИФА.
Катар е првата земја на Блискиот исток која е домаќин на Светското првенство во фудбал.