Фудбалерите на Интер го совладаа Наполи со 1:0 во финалето на Супер купот на Италија и третпат едноподруго го освоија овој трофеј, известува Анадолу.
Наполи од 60. минута играше со играч помалку поради црвениот картон што судијата му го додели на Џовани Симеоне. Интер во судиското продолжување 90 + 1 минута успеа да постигне погодок и водство од 1:0, што беше и конечен резултат. Погодокот за Интер го постигна Лаутаро Мартинез.
Наполи во судиското продолжение даде сѐ од себе, но не успеа да го изедначи резултатот.
Супер купот на Италија се одигра во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.
AA