За Махомс ова е трет трофеј во Супербоулот и трето МВП-признание, со што застана рамо до рамо со легендарните Бредли и Монтана / Photo: Reuters

Канзас Сити Чифс ја одбранија титулата шампион во НФЛ, откако во финалето на плејофот на професионална лига во американски фудбал „Супербоул“ во Лас Вегас ги совладаа Сан Франциско 49-ки со 25:22 по продолжение.

Така Чифс станаа првиот тим по 19 години, кој ја одбранил титулата, а пред нив последни тоа го направиле Њу Ингланд Патриотс.

За Чифс ова е трета шампионска титула во последните пет сезони, пред четири години во финалето ги совладаа Нинерс, додека лани беа подобри од Филаделфија Иглс. Пред три години загубија од Тампа Беј Баканирс.

Вкупно ова е четврти „Супер Боул“ за Чифс, но првиот го освоија пред 54 години.

Квотербекот на Чифс, Патрик Махомес повторно беше одличен и по трет пат во кариерата беше прогласен за најкорисен играч на „Супер Боул“, по 2020 и 2023 година. За Махомс ова е трет трофеј во Супербоулот и трето МВП-признание, со што застана рамо до рамо со легендарните Бредли и Монтана.

Иако двата финалисти се познати како одлично напаѓачки состави, одбраните беа тие кои доминираа во финалниот меч, посебно во првото полувреме. Првите поени беа постигнати дури во втората четвртина, кога Муни погоди филд гол од 55 јарди, што во тој момент беше филд гол од најголема далечина во историјата на дулеите во Супербоулот.

Потоа следуваше и тачдаун за Сан Франциско за водство од 10:0. До крајот на полувремето, Канзас успеа да погоди само еден филд гол за 10:3. Енергично започнаа Чифс во второто полувреме. Најпрво имаа еден филд гол реализиран од неверојатни 57 јарди, па потоа следуваше и првиот тачдаун за прво нивно водство од 13:10.

Сан Франциско возврати со тачдаун за 16:13, а Канзас со филд гол израмни на 16:16.

Муни погоди за Сан Антонио од 53 јарди за 19:16, а Чифс во последниот напад стигнаа до 10 јарди од голот на противникот, но не успеаја да направат тачдаун и со сигурен филд гол израмнија на 19:19, па финалето мораше да се решава во продолжение.

Муни повторно погоди филд гол за Сан Франциско и водство од 22:19, но последниот напад го имаше Канзас.

Квотербекот Махонс, кој мечот го заврши со 333 јарди додавања, успешно додаде до Хардмен, кој направи тачдаун на три секунди до крајот за победа на Канзас и одбрана на тронот.


TRT Balkan / агенции
Популарни