Поранешниот НФЛ играч Вонте Дејвис (35) е пронајден мртов во неговиот дом во Дејви, Јужна Флорида, потврди локалната полиција. Неговото безживотно тело го пронашла домашна помошничка.
„Во оваа прелиминарна фаза од истрагата нема ништо што укажува дека е сторено сомнително дело“, се вели во соопштението на полицијата.
Дејвис играше 10 сезони во НФЛ со Мајами Делфинс (2009-2011), Индијанаполис Колтс (2012-2017) и Бафало Билс (2017-2018).
Играше на позицијата „корнер“, а кариерата изненадувачки ја заврши во 2018 година на половина од натпреварот што неговиот Билс го загуби од Лос Анџелес Чарџерс (20-31).
Во пораката објавена на Инстаграм за време на натпреварот, тој објасни дека „неговото место повеќе не е на фудбалскиот терен.
„Додека бев на теренот не се чувствував добро. Поважно е за моето семејство и за мене да се пензионираме здрави. Ова беше голема одлука, но јас сум во мир со себе и со семејството", изјави тогаш тој.
По пензионирањето, Дејвис стана извршен директор на велнес центар во Флорида и рече дека не жали за неговата одлука да се повлече од фудбалот.
„Повеќето луѓе, кога го правев она што го правев, мислеа дека буквално полудувам или нешто слично. Но, всушност бев добро. Бев едноставно. Добро сум. Сè уште сум добро и денес“, изјави тој за И-Ес-Пи-Ен во 2019 година.