Францускиот фудбалер и член на италијанскиот Јувентус, Пол Погба е суспендиран на четири години поради позитивен допинг тест.
Италијанската агенција АНСА пренесува дека оваа казна му била изречена на Погба откако било откриено високо ниво на тестостерон во примерокот земен по првенствениот натпревар против Удинезе во август 2023 година.
Погба беше позитивен на допинг тест во септември и октомври минатата година, а последниот настап во дресот на Јувентус го имаше на 3 септември против Емполи.
Се очекува Погба да ја обжали одлуката на Италијанската антидопинг организација (НАДО) со поднесување барање до Меѓународниот спортски арбитражен суд (ЦАС).
AA