Клубот е рекордер по освоените трофеи во првенството, Купот и СУперкупот на Италија     Фото: АА / Photo: AA

Еден од најголемите фудбалски клубови во Италија, Јувентус, ја прослави 125 годишнината од основањето. Клубот е формиран на 1 ноември 1897 година во Торино. Популарните „бјанконери” (црно-бели) се рекордери по освоените трофеи во Серија А, Купот на Италија и Суперкупот на Италија. Јувентус има освоено 36 титули во првенството, 14 купови на Италија и девет пати бил победник во Супер купот. Во продолжение следуваат шест факти за италијанскиот гигант.

Подеми, но и падови

Јувентус два пати ја освои и европската Лига на шампиони во 1985 и 1996 година, а има и три титули од Купот на УЕФА кој подоцна беше преименуван во Лига на Европа од 1977, 1990 и 1993 година.

По скандалот со местени натпревари „Калчополи” Јувентус беше принуден да игра и во италијанската Б лига во 2006 година. Му беа одземени титулите од 2005 и 2006 година кога беше откриено дека во скандалот биле вмешани клупските раководители. Во 2007 година Јувентус ја освои Б лигата и експресно се врати во елитата. Од 2007 до 2011 година покажа просечни резултати.

Легенда која стана наследство

„Тоа е легенда која стана наследство. Тоа е минато, кое е составен дел од иднината. Тоа е гордост кога ќе се навраќаме на успесите постигнати во текот на овие години, кои можат да водат напред кон следните цели. Тоа е страст што ги обедини генерациите. Тоа е еден збор, латинскиот збор за „младост“, беше објавено на веб-страницата на Јувентус по повод 125 години од основањето.

Преселба на новиот стадион во 2011 година

Повеќе од една деценија Јувентус своите домашни натпревари ги играше на стадионот Деле Алпи во Торино. Сепак, Деле Алпи беше урнат во 2009 година и од 2011 година, Јувентус се пресели во својот нов дом и почна да настапува на стадионот Алијанц. Клубот ги игра натпреварите на овој стадион се до денес.

Засилувања

Со преоѓањето на Алианц Јувентус во 2011 започна долгорочен проект. Првиот тим беше засилен со играчи како што се италијанската легенда Андреа Пирло, швајцарскиот дефанзивец Стефан Лихштајнер, францускиот играч за врска Пол Погба, чилеанскиот играч за врска Артуро Видал и аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез.

Џанлуиџи Буфон, Алесандро Дел Пјеро, Џорџо Киелини, Клаудио Маркизио и Пирло го предводеа Јувентус до титулата во 2012 година. Тоа беше сигнал за враќањето на Јувентус на победничките патеки.

Клубот освои девет титули откако ги започна настапите на новиот стадион. Потоа Интер и Милан во 2021 и 2022 ја прекинаа доминацијата на Јувентус.

Дел Пјеро, Буфон, Роналдо

„Бјанконерите“ имаа многу ѕвездени играчи во различни периоди како што се Дел Пјеро, Буфон и Кристијано Роналдо.

Дел Пјеро, настапуваше за Јувентус од 1993 до 2012 година. Тој одигра 705 натпревари освојувајќи шест титули во италијанската Серија А и трофеј во Лигата на шампионите. Постигна 290 гола и беше најдобар стрелец на Јувентус на сите времиња.

Буфон исто така бепе дел од репрезентацијата која го освои Светското првенство во 2006 година. Со Јувентус има 10 титули во италијанската лига.

По девет години во Реал Мадрид, Роналдо му се приклучи на Јувентус во 2018 година и бепе дел од клубот до 2021 година. Во 134 настап за Јувентус Роналдо постигна 101 гол. Роналдо има шампионски пехари во Италија од 2019 и 2020 година. Во 2021 година, Роналдо го напушти Јувентус и замина во Манчестер Јунајтед.

Големи имиња низ историјата

Покрај овие играчи, италијанците Дино Ѕоф, Роберто Баџо, Џорџо Киелини, Леонардо Бонучи, Антонио Конте и Пирло, чехот Павел Недвед, француските играчи Дидие Дешамп, Давид Трезеге, Зинедин Зидан, Мишел Платини и Погба се дел од големите играчи кои играле за Јувентус.

TRT Balkan / агенции
Популарни